недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Митовска: Додека младите ја напуштаат државата, СДСМ шири гол популизам кој не придонесува во задржувањето човечки потенцијал во државата

Митовска: Додека младите ја напуштаат државата, СДСМ шири гол популизам кој не придонесува во задржувањето човечки потенцијал во државата

На денешната седница на Собранието на Република Македонија, пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Слаѓана Митовска изрази голем револт кон СДСМ и коалицијата, кои со своето неработење и несериозен пристап ја пласирале нашата земја во првите три места на листата на земји со најголем криминал и корупција, најголемо аерозагадување и младинската невработеност.

Митовска додаде дека според извештајот на „Economist“ Македонија е опкружена со африкански држави, што докажува за неработењето и несериозноста на гарнитурата на власт.

“Додека 50% од младите ја напуштаат Република Македонија и додека 80% од студентите од трета и четврта година планираат да заминат оттука и да творат низ белиот свет, вие тука демонстрирате класичен популизам и го поддржувате овој буџет од кој велите дека ќе вложите во човечкиот потенцијал. Имајте на ум дека овој буџет не ги отсликува потребите на граѓаните”, посочи Митовска.

Митовска вели дека иако буџетот за наредната година е зголемен, сепак СДСМ и коалицијата се дрзнува да крати од капиталните инвестиции за претстојната 2020 година.

-Тоа значи дека ќе се крати од изградба на автопати и гасоводи. Додека СДСМ се фали со буџет преку кој ќе се вложи во младинскиот, односно човечкиот потенцијал, нека кажат и зошто се кратат 17% од средствата предвидени од стапката за наука, заврши Митовска.

Најнови вести