Сопственикот и новинар на порталот infomax.mk на својот профил на Фејсбук објави дел од вибер преписките за која ВМРО-ДПМНЕ обвини дека група полицајци се координираат за локалните избори во корист на СДСМ.
-Вака изгледа демократијата во Македонија. Со нарачки да “им се ебе крвта”, “изживувај се колега ќе бидеш награден”, “застани ги и знаеш што да правиш”, на новинарите на Инфомакс кои само професионално си ја вршеа својата работна задача во Прилеп. Овие ашљаци ги апсеа новинарите на Инфомакс, се изживуваа, неколку пати им земаа изјави во полициска станица. За овие нарачки, и последиците од овие нарачки тек ќе видите како ќе бидете наградени, напиша Митовски на Фејсбук.