Филип Митрески од ВМРО-ДПМНЕ ОК Кичево преку статус на Фејсбук пишува дека оваа власт не исполнила ниту едно ветување за младите, ниту еден реализиран проект нема во Кичево, а уште помалку нема ниту едно реновирано или изградено спортстко игралиште.
-Со ниту едно исполнето ветување за младите, ниту еден реализиран проект, ниту едно реновирано или изградено спортско игралиште, неисчистен град и диви депонии на секој чекор, СДС излегува со слоганот ” Најдоброто за нашата општина”.
Ова на сликиве е тоа “најдоброто”?!
Не сте вие најдоброто, вие сте најголемата катастрофа што некогаш им случила на Кичево и Кичевчани!!!, стои во неговиот пост на Фејсбук.