„Најмногу ги болеше реченицата „Македонија е со тебе“, што мене ми беше во тоа време денес повеќе не, во тоа време беше нејасно зошто, како ова може да ви пречи. Па нели Македонија е свето име? Мене ми е. Вас нели ви е? Епа не им е, го сменија. Македонија не им е свето име“, потенцираше Дарко Митревски во своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија.
Митревски додаде дека власта и луѓето околу премиерот се морално дно во државата. Поради ова македонскиот народ се срами од оваа власт.
„Може да ме обвинат за што сакаат, јас таму немам ни бизнис, ни приватни никакви интереси. Во Македонија немам отидено пет години, а откако се смени името немам намера ни да одам. Затоа што јас таму не припаѓам на таа земја, не припаѓам на нејзината култура. Јас припаѓав на друга земја, која што поинаку се викаше и имаше поинакви идеали“, истакна Митревски.
Митревски посочи дека моментално на власта се никаквици, тој човек не е негов премиер, не е негова влада.
„Ние на власт ги имаме тие што ги имаме, никаквици. Не знам поинаку како да ги наречам освен дека се никаквици. Но имаме еден друг огромен проблем, што тие никаквици беа во своите злодела поддржани од еден голем дел од македонската елита. И македонскиот народ е народ што е предаден од својата елита. Тоа е нешто што еден вид на срам со кој ние ќе мора да живееме, и јас лично“, рече Митревски.
Митревски појасни дека Преспанскиот договор е најголемата катастрофа што можеше да се случи на Македонија по Букурешкиот договор. На тоа потпишување му беше аплаудирано на премиерот и тоа од страна не само на разни некадарници и платеници, туку од страна на нашите најдобри синови на нашиот народ или барем до тогаш се сметаа за најдобри, од разни интелектуалци, режисери, новинари, спортисти, актери итн.
„Кој се не го убедуваа македонскиот народ но не успеаја да го убедат дека Преспанскиот договор е многу добар. А, тоа беше една многу грда слика особено од надвор ако се гледа. Македонија на сите нас ни е мајка, тие што живеат таму и на тие што живееме надвор, на сите што не изнедрила ни е мајка. И сега одеднаш имаш ситуација мајкава ја силуваат, а нејзините најдобри синови или вртат глава едни од други, дел од нив, а еден добар дел од нив аплаудираат на силувањето“, објасни Митревски.
Митевски рече дека тоа е срам со кој мора да живее македонскиот народ, а власта безброј пати докажа дека нема ни срам,ни перде. Има работи кои што не се продаваат и се тргуваат, остајте го на страна муртинскиот трговец кој со пиперки е растен, кај него се е низ призма за 15 денари. Неговите начела се засноваат на пазар.