среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Денес над 1000 жители од три населени места добиваат квалитетна вода за пиење

Мицкоски: Денес над 1000 жители од три населени места добиваат квалитетна вода за пиење

Денес над 1000 жители од три населени места добиваат квалитетна вода за пиење, информира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Со изградбата на новиот цевковод Гевгелија- Богородица во должина од 2700 метри кои денес беше пуштен во употреба се решава еден горчлив проблем на жителите од Богородица и околните места.

Со овој нов цевковод и санација на дел од постоечката линија се решава и проблемот со капацитетот на вода за овие жители.

Важно е општина Гевгелија да се развива. Важно е граѓаните да имаат квалитетни услуги“, порача тој.

Најнови вести