сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Децентрализација за да ја доближиме владата преку општините до секој дом, 15 милиони денари на овој начин секоја година ќе добива Лозово

Мицкоски: Децентрализација за да ја доближиме владата преку општините до секој дом, 15 милиони денари на овој начин секоја година ќе добива Лозово

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска присуствуваше во посета на Општина Лозово.

-Ја користам оваа прилика да му честитам на градоначалникот, на советниците кои што ја поддржуваат работата на градоначалникот, администрацијата која што е исто така логистика и поддршка на работата на градоначалникот, и да им посакам уште многу проекти. Со нас е и пратеникот Ласовска, која што доаѓа од овој крај, која што во рамките на Парламентот дава несебична поддршка преку поднесување на амандмани и секогаш кога Буџетот е на Дневен ред, ребалансот или прераспределба на средства од Буџетот.

Но, за жал имајќи ја во предвид би рекол карактерот на оваа Влада на ДУИ и СДСМ, СДСМ и ДУИ, како ви е полесно, тешко успева да ги убеди да тие амандмани бидат прифатени, а тоа се амандмани кои што се однесуваат на проекти кои што директно доаѓаат од граѓаните од општина Лозово.

Но, добрата вест е што за неколку месеци ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предводи идната Влада и еден од основните проекти ќе биде децентрализација на средства кон општините за потребите на граѓаните. Целта наша е да ја доближиме Владата преку општините до секој дом, да реализираме проекти кои што досега со децении не биле реализирани, биле ветувани и не биле реализирани. Цениме дека на тој начин ќе можеме да го подобриме квалитетот на живот, на луѓето овде во општина Лозово и насекаде низ цела територија на Македонија. И на тој начин ќе покажеме дека не се сите исти, дека има политичари кои што мислат за народот, и мислат за иднината на Македонија. Така што ценам дека преку оваа децентрализација која што од прилика би била околу 15-тина милиони денари годишно овде во Лозово имајќи во предвид дека капиталните инвестиции односно средствата кои што се слободни за капитални инвестиции во општина Лозово се околу осум милиони тоа значи практично триплирање на тој буџет. Три пати повеќе ќе има од тоа што имало досега. И тоа така помножено со еден четиригодишен мандат ќе дојдеме до бројка од милион евра, која што директно ќе биде вложена од централниот Буџет овде во општина Лозово, надвор од средствата кои што се предвидени во самата општина за изработка на капиталните инвестиции.

Така што уште еднашка честитам на Бошко, на советниците, на администрацијата, на Благица, Марија која е координаторот од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за општина Лозово, што се фокусирани, храбро и одлучно работат и само така да продолжат. Тоа што е ветено пред две години треба да се испорача затоа што мораме да излеземе од оној дим каде што сите се претставени дека се исти. Не сме сите исти, многу сме различни, од едната страна ги имаме овие кои што шест години буквално ништо не направија, и ние кои што за две години со скромни средства преку општините каде што имаме наши градоначалници односно градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата покажуваме и докажуваме дека можело поинаку, изјави Мицкоски.

Најнови вести