Повторно Димитар Ковачевски го вовлекува своето семејство во политички невкусни метафори, сакајќи да ме навреди и омаловажи. Сигурен сум дека тоа мило момче ќе се срами од ова што неговиот вујко му го прави. Посакувам да порасне во горд и цврст Македонец, спротивно од тоа што денес е неговиот вујко. Да се бори и ја сака својата татковина Македонија и да не го дозволи тоа што денес Димитар Ковачевски и го прави на Македонија, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
-А што се случува денес во Македонија?
Македонија тоне на листата на корупција на “Транспаренси Интернешенл”, криминалот и корупцијата кои царуваат, немање раст на економијата, двојно повисока инфлација од Еврозоната, осиромашувањето на народот и половина милион што живеат со по 150 денари на ден, мафијашки убиства среде Скопје, палење коли и кафеани, крадење на оружје од полициски депоа, криминалните тендери.
За жал реалноста во Македонија е катастрофална, државата се распаѓа, тоне и е во хаос. Димитар можеби може да си дозволи да купи плејстејшн од бизнисите кои му цветаат, може дури и Али или Артан да ги викне да му купат и 50% од фирмата плејстејшн, и да го израдуваат повеќе, може дури и видео игра да си нарачаат во која ќе се херои, фудбалски ѕвезди, но во реалноста за жал секогаш ќе бидат криминалци во политиката кои гледаат како да се одржат на власт уште десетина месеци за да искрадат уште што може.
Моја лична порака до Димитар Ковачевски:
Другпат пред да кажеш нешто, размисли. Тие околу тебе што те хранат со вакви досетки непромислени, мора да разберат дека имате одговорност и дека животот е реалност, а времето не се враќа назад, лошиот и неинтелигентен хумор зборувај си го со тие малкумина соработници кои ти велат, браво шефе убаво му кажа, веројатно се разбирате добро, но те молам остави го семејството надвор од сето ова не го мешај. Тие се многу поголеми од твојата глупост. Овде сме јас и ти… сами, гради во гради, не го заборавај тоа!, пишува Мицкоски на Фејсбук.