петок, 19. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Единствено решение и разумен излез се изборите, ќе понудиме патриотско, компаративно гледано, крајно исправно решение кое ќе ги зачува, заштити и унапреди интересите на Македонија

Мицкоски: Единствено решение и разумен излез се изборите, ќе понудиме патриотско, компаративно гледано, крајно исправно решение кое ќе ги зачува, заштити и унапреди интересите на Македонија

„Единственото решение, единствениот разумен излез се изборите. Избори на кој народот ќе одлучи врз основа, внимавајте врз основа на конкретни решенија кои ќе ги понудат партиите како понатаму“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција.

Тој додаде дека сега е часот каде дојдено е времето кога народот треба да слушне Влада со народен легитимитет.

„Нашите црвени линии и нашата борба за гаранции во однос на прашањето со Бугарија се јасни. Ќе понудиме патриотско, компаративно гледано, крајно исправно решение кое ќе ги зачува, заштити и унапреди интересите на Македонија. Но, за да го направиме тоа потребни се прво избори. Власта удри во ѕид потребно е рестартирање. Потребен е нов правец. И не гаам илузии дека наспроти јасната волја на народот изразена на сите јавни мерења дека оваа Влада е готова, дека СДС е под нејзиниот основен минимум на поддршка дури и под 200 илјади гласови, а можеби и подолу, дека сепак одлучувачка е математиката на гласови на пратеници во Собранието која за жал сеуште е во полза на власта. Затоа е реално беспредметно секое гласање на доверба кое одново може да заврши со киднапиран пратеник кој ќе си го бара срцето и разумот некаде во светот, како што и се случи. Но предупредувам дека секој месец повеќе вештачко одржување на оваа власт ќе значи две работи прво губење време, второ уште подлабока криза“, посочи Мицкоски.

Мицкоски заклучи дека треба Македонија да застане на нозе и да се избори за иднина, за подобар живот, за победа на оваа и генерациите кои доаѓаат.

Најнови вести