сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Илинден е симболот за македонската борба за слобода и темелот на државноста

Мицкоски: Илинден е симболот за македонската борба за слобода и темелот на државноста

Илинден е најсветлиот македонски ден. Илинден е симболот на македонската борба за слобода. Илинден е македонскиот темелник на државноста. Македонија и Илинден се две испреплетени нишки кои го означуваат идентитетот на секој МакедонецЧ, вели во честитка Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, по повод државниот празник 2-ри Август – Илинден.

-Пред 120 години воден од идеалот за слобода, народот во Македонија ја започна епопејата, го посеа семето на непокорот и тоа беше крунисано со првото заседание на АСНОМ и создавањето на македонската држава. И двата Илиндена и тој во 1903 и тој во 1944 година беа меѓниците во македонската историја кои оставија неизбришлив траг во колективната меморија на Македонија.

Илинден беше и ѕвездата водилка и на сите оние кои ја сонуваа и ја изборија македонската независност на 8-ми Септември, но ќе останат и ѕвезда водилка и на сите идни генерации кои ќе се борат за Македонија.
Борбата за Македонија никогаш нема престане. Таа е вечна исто како што е вечна идејата да изградиме татковина која е своја на своето, која е еднаква со сите под ова сонце и која ќе биде напредна и просперитетна. Тоа битисувало и во двата Илиндена, тоа битисува и денес.

Горди сме на нашето минато и нема да дозволиме тоа некој да ни го погази или присвои. Горди сме на нашите предци и на нивната саможртва да ја изградат Македонија. Тие се нашиот пример дека со сплотеност и одлучност можат да се постигнат сите цели.

И денес како и пред еден век се справуваме со внатрешни и надворешни предизвици, но минатото не учи дека со обединетост, достоинство и верба во правдата ќе изградиме подобра иднина.

Нека е вечен празникот Илинден.
Нека е вечна Македонија, додава Мицкоски.

Најнови вести