петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Имаме Влада без легитимитет и морам да кажам дека веќе воопшто не е ни важно што мисли Ковачевски или владата кога тие го изгубија јавниот интерес и самите се делегитимираа

Мицкоски: Имаме Влада без легитимитет и морам да кажам дека веќе воопшто не е ни важно што мисли Ковачевски или владата кога тие го изгубија јавниот интерес и самите се делегитимираа

„Имаме Влада без легитимитет и морам да кажам дека веќе воопшто не е ни важно што мисли Ковачевски или владата кога тие го изгубија јавниот интерес и самите се делегитимираа. Не велам дека не се фактор, но станаа безличен фактор кој државата ја внесоа во слепа улица. И кога ќе праша некој што мислите за тоа што мисли Ковачевски, реалноста говори дека повеќе не е ни важно што мисли овој човек“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција.

Мицкоски истакна дека исто така е вистина дека и покрај целото разјаснување на работите после вчерашниот ден и распрснувањето на континуираните кампањи на лаги на власта дека ќе обезбеделе мнозинство, проблемот е присутен и денес, тој постои и Македонија е во голема криза.

„Морам да признаам дека како човек сум многу загрижен за работите што државата ја истоштија а работите сепак на крај удрија во ѕид. Слушам дека од власта си се тешат и си прават математики дека вратата за уставни измени ја оставиле отворена преку намерното не завршување на седницата, и дека меѓународната заедница сега би притиснале иако немојте да мислите дека изминатите повеќе од година дена читавме поезија на тие состаноци, наспроти јасната волја на народот и би извршиле некаков си упад во демократијата, со притисоци, закани, уцени и разни други форми“, кажа Мицкоски.

Мицкоски посочи дека сега веќе не верува на таквите сценарија, иако на многу такви средби бил сведок и учесник, но резултатот се видел во текот на вчерашниот ден.

„Ниту пак ќе се осврнам на тоа како оваа Влада го злоупотребува странскиот фактор во тој контекст, но сакам да знаете дека нема цена повторувам сите оние кои што гледаат оваа прес конференција, нема цена по која би ги прифатиле овие уставни измени под бугарски диктат и не треба да се троши време ниту секунда повеќе на ова прашање. Проблемот постои и да мора се најде излез“, потенцираше Мицкоски.

Најнови вести