среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Информациите за редефинирање на Македонија доаѓаат токму од членовите на т.н. работна група надвор од официјалниот работен дел

Мицкоски: Информациите за редефинирање на Македонија доаѓаат токму од членовите на т.н. работна група надвор од официјалниот работен дел

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, професор д-р Христијан Мицкоски на увидот на градежните активности во Кисела Вода, од новинарите беше запрашан врз што и темели ставовите дека со уставните измени се спрема редефинирање на Македонија во бинационална држава.

Мицкоски истакна дека ваквите ставови ги темели врз информациите кои ги споделуваат членовите на, така наречената, работна група за уставни измени надвор од официјалниот дел на истата, каде што преамбулата треба да биде сменета со која Македонија ќе се редефинира како држава на два народи, а другите граѓани ќе бидат етнички заедници и малцинства.

„Токму на информациите кои доаѓаат од истата таа работна група, од луѓето кои што тоа го зборуваат надвор од официјалниот дел од работата на таа, така наречена, работна група, преамбулата да биде променета и да биде, практично, Македонија редефинирана како држава на два народи, етнички заедници и потоа малцинства. Во три столба ги градираат сите наши сограѓани и тоа е дојдено како информација директно од работната група“, рече Мицкоски.

Но, како и да е, додаде Мицкоски, таа тема за ВМРО-ДПМНЕ е затворена, уставни измени во овој состав и под овие услови нема да има, повторувајќи го ставот дека ВМРО-ДПМНЕ поддржува промена на устав по хрватски модел, кој воедно е устав на земја членка на Европската Унија.

„Често пати гледам преку оние платени експерти, дебата јавна, дека па добро, што дека во следниот состав еве ВМРО ќе победи, ќе направи влада, ќе има уставни измени. Еве повторно сега ви кажувам, во ниту еден состав под овие услови, без разлика дали ВМРО-ДПМНЕ е влада или не е влада, нема да има. Условите или ќе се сменат за да почнеме да размислуваме во таа насока, или нема да има. со овие услови, со овие околности, нема да има. Ние предложивме, цело време сме проактивни и велиме, вие го споменувавте тој модел, ние велиме тој модел е модел на земја членка на Европската Унија, ајде да го примениме“, истакна Мицкоски.

Мицкоски посочи дека имаме неодговорна влада, која и по однос на ова прашање брзо смени став, која што за да остане ден повеќе, за да може да украде евро повеќе, се би направила, додавајќи дека забораваат дека доаѓа денот на одговорност и тој ден многу скоро ќе дојде.

 

 

Најнови вести