среда, 7. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Исклучително сум задоволен од пристапот, работата, храброста, мотивираноста и чесноста на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ и ги охрабрувам така да продолжат и во иднина

Мицкоски: Исклучително сум задоволен од пристапот, работата, храброста,  мотивираноста и чесноста  на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ и ги охрабрувам така да продолжат и во иднина

При денешната посета на општина Кавадарци, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р. Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали е задоволен од работата на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека е исклучително задоволен од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, нивниот пристап, работата, храброста, мотивираноста, чесноста и ги охрабри така да продолжат и во иднина.

-Морам да признам дека сум исклучително задоволен еден нов пристап една генерација на политичари кои што работат храбро мотивирано, чесно тоа е многу важно повеќе од година и половина помина гледате нема ниту едно сомневање за било каков коруптивен скандал иако станува збор за мнозинството општини или пак ако гледаме по број на жители во тие општини можеби повеќе од 80 % од вкупниот број на жители во Македонија. Тоа се генерално најголемите општини нема ниту еден скандал, или основано сомневање за корупција што самото по себе кажува дека на овој начин храбро, посветено, чесно, одговорно, ќе работи ВМРО-ДПМНЕ како идна влада во Македонија. Можам да кажам дека пример во овој дел од нашата држава за таков тип на работење е градоначалникот Митко Јанчев овде во Кавадарци, храбро, посветено, чесно и нема како резултатите да не се видат, а тие ги гледаат кавадарчани секојдневно. Така што ако ме прашувате како би ја оценил работата би ја оценил со највисока оценка и само ги охрабрувам така да продолжат и во иднина бидејќи има многу да се сработи за Македонија, македонските граѓани во годините што следат и да се врати сето она што е загубено изминативе еве речиси 6 години од владеат на ДУИ и помалиот коалиционен партнер СДСМ, нагласи Мицкоски.

Најнови вести