сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Кочани добива нов лик, секаде каде има градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ се зборува само за нови проекти и за градење

Мицкоски: Кочани добива нов лик, секаде каде има градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ се зборува само за нови проекти и за градење

Задоволство е да се биде дел од проектите кои што се реализираат кои што беа дел од кампањата на локалните избори во 2021 година. Продолжуваме да работиме во општините каде што имаме градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, порача од Кочани лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Тука господинот Папазов, градоначалникот на Кочани ни кажа за проектите кои што се тековни, но и за проектите кои што ќе бидат реализирани би рекол во овој бран на реализација на капитални инвестиции овдека во Кочани. И покрај предизвиците со кои што се соочуваат градоначалниците и покрај притисоците и кочењето од страна на централната влада јас ја користам оваа прилика на Љупчо да му честитам овде во Кочани, на советниците да им честитам, на сето она кое што го прават. Не помала е пожртвуваноста и на пратеникот на Миле во рамките на Парламентот да обезбеди дополнителни средства за проект повеќе овдека во Кочани. Но, за жал имаме Влада таква каква што имаме, која што ги казнува граѓаните во оние општини каде што имаме градоначалници кои што доаѓаат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата. Што не би требало да биде така. Но, за жал кај нас состојбата е таква. Јас се надевам т.е. убеден сум дека овој бран ќе продолжи на инвестиции, оваа офанзива ќе продолжи во периодот додека трае градежната сезона и дека ќе можат жителите на Кочани да направат разлика дека не се сите исти, и дека навистина додека овие од централната влада континуирано се поврзани со било какви сомнежи за криминали и крадења, дека во Кочани и во општините каде што имаме градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и од Коалицијата зборуваме само за нови проекти и за градење, истакна Мицкоски.

Ги охрабрувам така да продолжат, им честитам и само напред, додаде Мицкоски.

Најнови вести