четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Ковачевски не излегол на избори и не добил мандат од граѓаните за Уставни измени, една година е премиер, една година Македонија тоне

Мицкоски: Ковачевски не излегол на избори и не добил мандат од граѓаните за Уставни измени, една година е премиер, една година Македонија тоне

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ при неговата денешна посета во Драчево запрашан како ги коментира ставовите на Ковачевски кој не смета дека е проблем што за уставните измени граѓаните не се прашала на избори, истакна дека Ковачевски не излегол на избори да ги праша граѓаните, да стегне рака, да ги погледa во очи, да види што тие мислат за него.

-Што очекувате вие од човекот кој што е поставен, кој што не излегол на избори да ги праша граѓаните, да стегне рака, да ги погледa во очи, да види што тие мислат за него. Тој човек беше избран, ставен таму една година еве помина откако е тој таму, кажете ми што се случи? Дали имаме нешто што се подобри во државата? Дали имаме нешто што тргна на подобро во државата? Сосема спротивно државата продолжи да тоне и да се враќа назад, така што менталната матрица на тој човек и на тие околу него се такви. Тие се назначени, тие не се бирани од народот затоа што кога би сакале да бидат бирани, а генерал се станува во војна, нели во битка тогаш треба да излезе на мегдан да видиме колку тежи и тогаш граѓаните ќе оценaт дали тој треба да биде таму или некој друг треба да биде таму. Так што јас од него буквално не очекувам, од таа метална матрица не очекувам буквално ништо, рече Мицкоски.

Најнови вести