понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: На лозарите од Тиквешијата им посакувам добар, квалитетен и богат род, тие се најзаслужни што Македонија може да се пофали со квалитетно производство на грозје и вино

Мицкоски: На лозарите од Тиквешијата им посакувам добар, квалитетен и богат род, тие се најзаслужни што Македонија може да се пофали со квалитетно производство на грозје и вино

Задоволство и чест е на покана на градоначалникот, на покана на Митко да сум денеска овде со кавадарчани. Да го одбележиме овој голем ден за кавадарчани, за луѓето од Тиквешијата, големиот празник, пресветиот великомаченик Трифун и да посакаме богат род, добар род, квалитетен род и да нормално земјоделците односно луѓето кои што се најзаслужни би рекол што Македонија може да се пофали со вака квалитетно производство на грозје, на вино, да добијат заслужена цена за тоа што ќе го сработат и за тоа што ќе го продадат. А како што еве веќе вие споменавте субвенциите да бидат само како би кажал додадената вредност на сето тоа, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

-Апел и до откупувачите да ги поддржат земјоделците, да ги поддржат лозарите, да ја почитуваат маката кое што тие ја вложуваат за да може денеска Тиквешијата да биде еден од најбогатите со грозја вина региони на Балканот, а зошто да не така да биде во Европа во иднина.

Така што уште еднашка би сакал да им го честитам овој голем ден на лозарите и да посакам добар, богат и квалитетен род.

Најнови вести