вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски на средба со амбасадорите на Австрија, Чешка и Словачка: Владата на СДСМ и Ковачевски се гуши во криминални афери и скандали, излез се брзи парламентарни избори

Мицкоски на средба со амбасадорите на Австрија, Чешка и Словачка: Владата на СДСМ и Ковачевски се гуши во криминални афери и скандали, излез се брзи парламентарни избори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски, членот на ИК и пратеник Антонијо Милошоски, и координаторот на пратеничката група на партијата во Собранието оствари средба со Георг Вуцас, амбасадор на Австрија, амбасадорот на Република Чешка во Македонија Јарослав Лудва, како и амбасадорот на Словачка Хенрик Маркуш.

Средба која се одржа беше од подготвителен карактер пред посетата на министрите за надворешни работи на Република Австрија, Словачка и Чешка која треба да се одржи во четврток во Македонија.

Воедно на средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба.

Претседателот Мицкоски ги информираше амбасадорите за актуелната политичка состојба во државата, додавајќи дека владата на СДСМ и Димитар Ковачевски се гушат во криминални скандали и афери, а на сметка на тоа граѓаните секојдневно тонат во сиромаштија.

Од страна на Мицкоски беше истакнато дека довербата на граѓаните во правосудните органи е на многу ниско ниво и оправдана, бидејќи владата на СДСМ и ДУИ ги контролира истите, а како што рече за тоа најдобра потврда доаѓа и од САД.

Мицкоски уште еднаш го афирмираше ставот на партијата дека потребни се предвремени парламентарни избори.

Претседателот Мицкоски се заблагодари за досегашната поддршка и пријателскиот однос на Република Австрија, Чешка и Словачка кон Македонија, истакнувајќи дека соработката треба да продолжи и да се интензивира.

На крај, претседателот Мицкоски му се заблагодари на амбасадорот Вуцас за севкупниот дипломатски ангажман во Македонија и му посака успех на личен и професионален план.

Најнови вести