петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски на средба со евроамбасадорот Гир: Македонија стои во место, власта ја доведе земјава во безизлезна состојба, потребни итни решенија, а за тоа се неопходни се предвремени парламентарни избори

Мицкоски на средба со евроамбасадорот Гир: Македонија стои во место, власта ја доведе земјава во безизлезна состојба,  потребни итни решенија, а за тоа се неопходни се предвремени парламентарни избори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска (30.06.2023) оствари средба со амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Дејвид Гир.

На средбата се разговараше за актуелната економска и политичка состојба во Македонија, како и реформите кои земјава треба да ги спроведе, а кои се важни за нејзиниот пат кон ЕУ.

Мицкоски на средбата истакна дека македонската економија од ден во ден тоне, граѓаните стануваат се посиромашни, а власта не е способна да им помогне на граѓаните и бизнисот за време на кризата.

На средбата, Мицкоски потенцираше дека власта ниту има капацитет, а ниту има желба да ги спроведе реформите, наместо тоа сведоци сме на секојдневни криминални афери, високо ниво на корупција и заробено правосудство за што потврда доаѓа од релевантни меѓународни институции, но и од земји стратешки партнери на Македонија.

Мицкоски истакна дека Македонија премногу стои во место, власта ја доведе земјава во безизлезна состојба и затоа се потребни итни чекори и решенија, а за тоа да се случи неопходни се предвремени парламентарни избори.

На средбата беше потенцирана соработката, поддршката и заложбите кои Европската Унија и ги пружа на Македонија и беше посочено дека тоа мора да продолжи и понатаму со зголемен интензитет.

Најнови вести