петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Не верувајте на секој оној кој што има задача да ве обесхрабри и да ве оттргне од намерата да се обединиме околу единствениот носечки национален столб ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Не верувајте на секој оној кој што има задача да ве обесхрабри и да ве оттргне од намерата да се обединиме околу единствениот носечки национален столб ВМРО-ДПМНЕ

„Кога ви велат дека е нешто невозможно тогаш е потребно да застанеме цврсто еден до друг и да се обединиме, и да продолжиме да се бориме се до конечната победа, се до конечната цел, а тоа е мнозинство во македонскиот Парламент. Мнозинство за сите овие реформи за кои што зборувам, а тоа се 61 пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата“, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ при средба со граѓаните во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“.

Мицкоски додаде дека од власта изминативе шест години се што ветија не исполнија, туку нивните функционери од голтари станаа милионери.

„Важно е да направиме разлика од тие кои што изминативе шест години зависеше од нив се, а што направија? Освен тоа што од голтари поединци станаа милионери. Се што ветија, направија спротивно“, нагласи тој.

„Важно е да направиме разлика од тоа што зависеше од нив досега, а тоа беа изминативе шест години и тоа што зависи од вас, а тоа се следните четири години, четирите години после тие четири, па следните четири години итн. Не верувајте на секој оној кој што има задача да ве обесхрабри, да ве демотивира, да ве оттргне од намерата да се обединиме околу единствениот носечки национален столб а тоа е ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ“, укажа Мицкоски.

Тој посочи дека од власта ќе кажуваат работи кои што се еднакви на чуда, а ВМРО-ДПМНЕ не се чудотворци и нема да ветува чуда како нив. Но, тоа што ќе го вети ВМРО-ДПМНЕ ќе го оствари.

Најнови вести