вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски од Кисела Вода: Со чесно и посветено работење се врати долгот за нецели две години, и најголем дел од програмата се реализира

Мицкоски од Кисела Вода: Со чесно и посветено работење се врати долгот за нецели две години, и најголем дел од програмата се реализира

Убаво е чувството кога доаѓате на проекти кои што се работат, кои што претходно биле ветувани не биле реализирани, но сега кога се дал збор тоа се реализирало. И со тоа покажуваме дека не се сите исти, покрај тоа што овие од Владата на ДУИ поддржана од СДСМ се обидуваат една лажна теза да рашират кај граѓаните дека сите се исти, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Јасно се гледа во Македонија во оние општини каде што има градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата дека не се сите исти. Напротив дека додека едните можете да видите на дневна основа, а тоа се овие од Владата на ДУИ поддржана од СДСМ крадат, општините каде што има градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата и покрај сите предизвици со кои што се соочуваат тука пред се мислам на однесувањето на ова криминална и корумпирана Влада на ДУИ поддржана од СДСМ се кратат дотации, не се одобруваат систематизации, се одземаат ингеренции, не се реализираат проекти, а со тоа се казнуваат граѓаните зошто на локалните избори го дале гласот за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата. На следните парламентарни и претседателски избори ќе го дадат во многу поголем број повторно гласот за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата. И покрај сите овие предизвици, градоначалниците, советниците, луѓето кои што се дел од оваа локална самоуправа заедно со пратениците во Парламентот даваат максимум да тоа што е ветено биде испорачано. И тоа се испорачува насекаде онаму каде што имаме ќе повторам градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, вели Мицкоски.

Тој потенцира дека и јас им честитам, ја користам оваа прилика и на Орце, и на луѓето од Советот, и на луѓето од администрацијата, на пратениците во македонското Собрание за навистина една битка која што не беше лесна бидејќи Општината беше во големи долгови на почеток, Орце е скромен и не сака тоа да го каже, но денеска еве вратени се долговите после нецели две години и покрај тоа што се вратени тие долгови, гледате најголем дел од програмата која што беше ветена се реализира.

-Така што можело да се работи чесно, можело да се работи посветено, храбро, и така ќе продолжиме да работиме и во иднина се додека ја добиеме довербата на следните парламентарни избори од страна на народот. А, потоа како идна Влада планираме сериозно засукување на ракави и да ја вратиме Македонија онаму каде што и е местото, а тоа е повторно да се научиме да победуваме, на дневна основа да објавуваме проекти, реформи, политики, а не да гледаме како 2-3 семејства во државата се богатат на грбот на народот, кои што за жал ја владеат државата. Но, уште кратко време, уште неколку месеци, после тоа ќе следи се разбира одговорностм рече Мицкоски.

Најнови вести