вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Пораките на Ковачевски се за да држи кохезија во својата партија – Ние повторуваме 15 месеци дека Уставни измени под бугарски диктат нема да прифатиме, не само сега туку и во иднина

Мицкоски: Пораките на Ковачевски се за да држи кохезија во својата партија – Ние повторуваме 15 месеци дека Уставни измени под бугарски диктат нема да прифатиме, не само сега туку и во иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес при посетата на општина Ѓорче Петров беше запрашан од медиумите дали очекува одлуките од Кривичниот законик да имаат влијание врз просецот на уставни измени и да даде свој коментар за новите најави на Ковачевски.

„Јас подолго време престанав веќе да ги слушам пораките од таму бидејќи сите тие се неточни пораки, невистинити пораки кои што ги дава Димитар Ковачевски. Тоа е порака со двојна намена, прават цел е да ја држи кохезијата во рамките на партијата која што според неофицијални информации е поделена на неколку структури и е тотално демотивирана структурата на СДС. И ако не им даде некаква надеж, тогаш претпоставувам дебаклот кој што ќе се случи на следните парламентарни избори ќе биде уште поголем. Тоа е едната цел. А, втората цел е порака до меѓународната заедница еве оставете не уште неколку месеци да крадеме и да лажеме, секако на пролет се редовни парламентарни избори, не ни требаат сега предвремени парламентарни избори па ќе видиме како до тогаш ќе ја премостиме целата оваа работа“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека тоа е од прилика суштината на Ковачевски.

„Иначе, уставни измени ние повторуваме повеќе од 15 месеци дека под бугарски диктат нема да прифатиме не само сега, и во иднина. Ако ова се условите кои што ќе останат и идната влада на ВМРО-ДПМНЕ нема намера да влезе во процес на уставни измени под овие услови“, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски укажа дека Бугарија го потпиша Договорот со политичари кои што не може да испорачаат ништо, немаат кредибилитет и длабоко се навлезени криминал.

„Ние свесни за тоа, како државотворна партија во многу наврати нудевме решенија. Го промовираа хрватскиот модел, го прифативме, па тие го одбија. Им понудивме со одложено дејство. Им понудивме предвремени избори и гаранции итн. а, тие се одбија што можеше да се одбие. Тоа е тоа, жалам, под овие услови ВМРО-ДПМНЕ, македонскиот народ, и огромното мнозинство граѓани во Македонија нема да прифатат. Додека не видиме ние добра волја од бугарска страна дека навистина сакаат да бидат добри соседи бидејќи ги следам изјавите на нивниот претседател Радев, кој што сега вели дека тоа не биле бугарски барања туку биле европски барања. Европско барање е и да се почитуваат европските одлуки на Судот за човекови права за Стразбур. И ако се се сведува на Копенхагешки критериуми, господата треба да покажат европски вредности и да ги почитуваат Копенхагешките критериуми и за македонското малцинство во Бугарија и за македонската заедница во Бугарија, и да покажат добра волја дека тие навистина сакаат да бидат добри соседи па тогаш можеме да разговараме“, појасни Мицкоски.

Најнови вести