недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: СДС и ДУИ сакаат да го заташкаат случајот со Онкологија, по промената на власта овие медицинско политички криминалци кои профитирале на здравјето на граѓаните ќе одговараат

Мицкоски: СДС и ДУИ сакаат да го заташкаат случајот со Онкологија, по промената на власта овие медицинско политички криминалци кои профитирале на здравјето на граѓаните ќе одговараат

Во дебатата во парламентот вчера може да се слушнат разни испади од страна на пратеници кои доаѓаат од владејачкото мнозинство. Таа мачнина која секој од нас ја чувствува за тоа што се случувало на клиниката за Онкологија, а која е резултат на медицински лица кои се блиски до владејачките партии СДС и ДУИ, а владата гледа на секој начин овој криминал да го заташка, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посета на Свети Николе одговарајќи на новинарско прашање за скандалот во Онкологија.

Мицкоски истакна дека власта смета ако го заташка случајот на тој начин ќе се спасат себе си и ќе ги спасат сторителите на овој криминал, но им порача дека по промената на власта сите кои учествувале во криминалот ќе одговараат.

– Како што и претходно кажав, истото важи за овие медицинско политички криминалци кои профитирале на здравјето на граѓаните, идната влада на ВМРО-ДПМНЕ, многу посериозно ќе се занимава со овој скандал и давам збор дека тие кои го направиле сето ова ќе бидат процесуирани пред органите кои се за тоа задолжени, рече Мицкоски.

Најнови вести