Посетата на Велес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја заокружува со средба со младите од овој град.
Мицкоски на Фејсбук објави дека со младите разговарале за актуелните проблеми кои ги имаат и за нивните решенија.
-Важно е да имаат шанса за својата иднина. Важно е да имаат сигурност и подадена рака. Заедно до промени, објави Мицкоски.