петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Скапа е цената која Македонците ја платија за својата слобода, а сите ние не само што се поклонуваме на тоа дело, туку имаме и обврска да го продолжиме

Мицкоски: Скапа е цената која Македонците ја платија за својата слобода,  а сите ние не само што се поклонуваме на тоа дело, туку имаме и обврска да го продолжиме

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук објави видео од вчерашното обраќање по повод празникот 23 октомври.

„Народот е организацијата и организацијата е народот.

Кога прашуваат што е толку свето во тие идеи?

Зошто толку многу се поклонуваме пред овие настани, херои и паднати животи?

Тоа е затоа што во срцето на таквиот концепт секогаш била и секогаш е и ќе продолжи да биде Македонија.

Шестмината револуционери, интелектуалци Груев, Татарчев, Поп Арсов, Хаџи Николов, Батанџиев,

Димитров го почнаа делото. Скапа е цената која македонците ја платија за својата слобода, а сите ние не само што се поклонуваме на тоа дело, туку имаме и обврска да го продолжиме само поради една цел, а тоа е за Македонија“, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Најнови вести