Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со дел од потесното раководство на партијата вечерва е гостин на традиционалниот ромски бал.
-Во организација на политичката партија РОМ и на покана на мојот драг пријател Ерџан, претседател на политичката партија РОМ, денес со потпретседателите Тимчо Муцунски и Гордана Димитриеска-Кочоска, меѓународниот секретар Стефан Андоновски и членот на ИК Андоновска Марија сме дел од традиционалниот ромски бал, објави на социјалната мрежа на Фејсбук Мицкоски.