вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Вака како што се бори Владата да амнестира криминалци, наркодилери и слично, да се бореа за државата немаше да бидеме последни според стандардот и први по инфлацијата

Мицкоски: Вака како што се бори Владата да амнестира криминалци, наркодилери и слично, да се бореа за државата немаше да бидеме последни според стандардот и први по инфлацијата

Нашиот став е јасен за текстот на законот за амнестија, тој закон треба да се повлече. Вака како што се борат да ги амнетсираат криминалците, наркодилери, насилници итн, да се бореа за државата немаше да бидеме последни според стандардот и први по инфлацијата, Рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на посетата на Кисела Вода која е во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените!“

Мицкоски посочи дека оваа Влада цело време покажува интерес за се, само најмалку за народот.

„Но, за жал оваа Влада јаинтересира се само не народот и државата“ кажа Мицкоски за време на посетата на Кисела Вода.

Сепак тој потсети дека има и добра вест.

„Но, повторни ќе кажам добрата вест е што ова ќе треа уште неколку месеци. Не се години, месеци се во прашање, а потоа треба да се свесни дека ќе има одговорност. Да нема после тоа вака било, така било, да нема после политички вакви, политички такви процеси“, рече Мицкоски.

Најнови вести