петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: За еден годишен мандат владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе реалоцира 4 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти во општина Вевчани

Мицкоски: За еден годишен мандат владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе реалоцира 4 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти во општина Вевчани

Многу е важно кога и една ваква мала општина каква што е Вевчани успева со свои сили, со средствата кои што ги собира во својот буџет, скромни средства морам да признаам, но и она кое што го добива од разно разни фондови, агенции, па и донации би рекол да реализира проекти кои се исклучително важни за потребите на граѓаните овде во Вевчани, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

-И тоа многу ги охрабрува луѓето кога ќе видат дека се работи, кога ќе видат дека луѓето се трудат, кога градоначалникот заедно со администрацијата, заедно со советниците и Советот, и покрај лимитираните можности сепак наоѓаат начин како да обезбедат метар плус асфалт, како да обезбедат ново реновирано детско катче, ново реновирано училиште итн.

Јас ја користам оваа прилика и на Спасе, на советниците и на администрацијата и на сите овде кои што се дел од оваа успешна приказна да им честитам и да ги охрабрам во периодот кој што следи да продолжат на ваков начин да реализираат проекти, бидејќи наскоро од денеска ќе биде Влада на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, рече Мицкоски од Вевчани и додаде:

„И таа влада на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата има предвидено годишно да издвојува до милион евра од буџетот и да ги реалоцира за потребите на општина Вевчани, за инфраструктурни проекти и проекти кои што ќе значат дополнителна вредност за граѓаните во Вевчани, или за еден годишен мандат тоа се до 4 милиони евра.

Така што го охрабрувам и градоначалникот и администрацијата да сработат што е можно повеќе проекти за овие неколку месеци во периодот кој што претстои за да може веднаш следната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата веднаш после направениот ребаланс од буџетот реалоцира средства и да се сработат овие проекти“.

Најнови вести