четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Жалам што власта ја оттурна секоја моја подадена рака за национално единство

Мицкоски: Жалам што власта ја оттурна секоја моја подадена рака за национално единство

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку статус на Фејсбук пишува дека жали што власта ја оттурна секоја негова подадена рака за национално единство.

„Жалам и што власта ја оттурна секоја моја подадена рака за национално единство. И станува беспредметно да барам национално единство од оние кои секогаш попуштаат само да си ја спасат кожата и останат на власт и потклекнуваат на секое неразумно барање што некој ќе ни го испорача.

Затоа единствената брана на тој план е ВМРО-ДПМНЕ, јас и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата кои ја имаат мојата безрезервна поддршка. Секој еден пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата кој денес е во Собранието ја има неповторливата можност да стане вистински трибун на народот и да ја поправи сликата нагрдена од разно разни минати пратеници кои правеа нечесни договори на грбот на народот, на грбот на Македонија.

Верувам дека оваа генерација на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата заедно со мене, со раководството на партијата го носи најголемиот товар да не попушти пред сите притисоци и убедувања за уставни измени затоа што не смееме да го разочараме народот“, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Најнови вести