Стопанството е пред умирање и на шкрги дише. Малите и средните бизниси затвораат, инфлацијата е огромна, а власта се задолжува со пари за плати на администрацијата, додека во одредени сектори во администрацијата се вработуваат стотици луѓе, изјави пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи во синожешното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Телевизија Алфа.
Таа посочи дека интелектуалниот кадар за жал ја напушта државата. Има отпуст на средна и интелектуална класа надвор од Македонија.
Мизрахи истакна дека 26 илјади евра за ПР потрошил премиерот Димитар Ковачевски, за ПР што се сведе дека има леб на рафтовите.
„Ниедни пари кои го рекламираат премиерот на социјални мрежи не можат да го покријат моментот дека премиерот Ковачевски се иззема од било какви политички прашања. Поголемиот дел од граѓаните имаат потешкотии со тоа кое е името на премиерот на државата“, кажа Мизрахи.
Таа е децидна дека Владата си игра проклета статистика и таа статистика си има одреден крај бидејќи не може да ги менаџира ПР мерките до недоглед.
„Задолжувањето е сведено на семафор боја во Собранието, ние се задолжуваме за платите во администрација, а не за тоа дали ќе имаме леб или не“, изјави Мизрахи.