вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мизрахи и Стојаноски од Ѓорче Петров: ВМРО-ДПМНЕ ќе го реши горливиот проблем со дивите депонии

Мизрахи и Стојаноски од Ѓорче Петров: ВМРО-ДПМНЕ ќе го реши горливиот проблем со дивите депонии

Денес кандидат за пратеници на изборна единица 2, Рашела Мизрахи и Бојан Стојаноски денес ја посетија Општина Ѓорче Петров, поточно населеното место Ново Село и ветија дека по победата на ВМРО-ДПМНЕ веќе нема да има диви депонии, туку ќе има конторлирано управување со отпад.

„Една слика, велат илјада зборови. Почитувани граѓани на Република Македонија, почитувани граѓани на Скопје, доколку не знаете се наоѓаме во Општина Ѓорче Петров, населено место Ново село и втората најголема депонија на Скопје позади нас“, истакна Мизрахи.

Стојаноски на ова се надоврза и рече дека поради тоа се денес тука , и дека во „Проект – обнова на Македонија“ ВМРО-ДПМНЕ се обврзува во делот кој што е за заштита на животната средина. А, на страна 59 – проектот број 3 е контролирано управување со отпад.

„Ние како ВМРО-ДПМНЕ стоиме тука и се обврзуваме дека вакви глетки повеќе во Ѓорче Петров нема да има, и дека оваа горливо прашање трајно ќе биде решено“, нагласи Стојаноски.

Најнови вести