Додека фокусот на граѓаните е насочен кон случувањата со Русија и Украина во Македонија имаме случувања кои се во еквивалентност на раб на профитерство, истакна пратеничката и членката на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи, во синоќешното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Телевизија Алфа.
„Седницата за избор и именувања се формира на денот на конститутивната седница каде се констатира како ќе бидат формирани сите други органи заедно со деловникот и уставот на државата“, истакна Мизрахи.
Коментирајќи ја предлог одлука за разрешување на член на комисијата Мизрахи истакна дека тоа е невозможно бидејќи тоа се однесува за членови на јавни функции а членот кои сакаат да го разрешат не е носител на јавна функција. Тој е народен избраник , народен претставник избран од народот.
„Опозицијата константно алармира дека не постои парламентарна демократија. Постои парламентарно насилие од страна на мнозинството врз опозицијата или на извршната власт кон опозицијата“, рече Мизрахи.
Мизрахи потенцираше дека комисијата за избори и именувања е од суштинско значење бидејќи на истата членовите ги бираат уставните судии, обвинителите и сите оние чинители кои се битни.
Таа додаде дека СДСМ и ДУИ кога веќе заклучија дека корупцијата, криминалот и судството се критични за влез во ЕУ тие сега очигледно подржуваат криминал и корупција или сакаат да го одржуваат нивото на затскривање на некои дела.
„Ова е преседан и апсолутно покажува дека не постои парламентарна демократија, Устав, деловник и се кршат законите и Уставот по секоја основа и со тоа имаме апсолутно тоталитарно владеење. Собранието не е штаб на СДСМ и ДУИ туку Собранието е на граѓаните и не може СДСМ и ДУИ да ги спроведуваат нивните политики согласно нивната волја кои се надвор од законите и Уставот во Собранието“, заклучи синоќа Мизрахи.