недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мизрахи првиот ден во МТСП: Министерството на проблеми да го направиме да биде министерство на решенија

Мизрахи првиот ден во МТСП: Министерството на проблеми да го направиме да биде министерство на решенија

Првиот работен ден во Министерството за труд и социјална политика. Министерството на проблеми мора да стане Министерство на решенија. На секој човек да му се понуди шанса и надеж дека може и мора подобро, напиша на Фејсбук новата министерка за Труд и социјална политика Рашела Мизрахи.

-Мораме да бидеме свесни дека станавме општество со нерамномерен развој на нерамноправни поединци. Сиромаштијата е галопирачка, ранливите категории граѓани се на маргините. Достоинството на пензионерите е разнишано. Мобингот кој е широко распространет се става под тепих и за жал не е тема за која се зборува. Улогата на жената мора да се почитува. Центрите за социјална заштита не смеат да бидат алатка за партиска политика, туку алатка за заштита на оние на кои им е потребна социјална заштита, вели во својата објава Мизрахи.

Доаѓа време на одлуки и промени. Чекор по чекор кон обнова за подобра иднина, порачува новата министерка за Труд и социјална политика Рашела Мизрахи.

Најнови вести