вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мизрахи: Во сред пандемија имаме десетици илјади граѓани без здравствено осигурување, а гледаме снимки за поткуп

Мизрахи: Во сред пандемија имаме десетици илјади граѓани без здравствено осигурување, а гледаме снимки за поткуп

Рашела Мизрахи, поранешниот технички министер за труд и социјала, сега кандидат за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во втората изборна единица, синоќа во „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија, а во врска со случајот за снимката со „поткуп“ на Ден Дончев, истакна дека во сред пандемија имаме десетици илјади граѓани без здравствено осигурување, тотална недоверба на граѓаните кон институциите и системот предизвикуваат ваквите случаи како постапувањето на директорот на Фондот за здравство.

-Веројатно е дека некој не сака намерно да имаме систем кој функционираа, во случајот со ФЗО, имаме ваква снимка и слушаме тоа што слушаме, а во ниеден момент не се спомнува колку граѓани во овој момент немаат здравствено осигурување, вели Мизрахи.

Мизрахи потенцираше дека не може во сред пандемија која трае со месеци да имаме десетици илјади граѓани коишто немаат здравствено осигурување, а од друга страна имаме вакви снимки, тоа само ја зголемува недовербата на граѓаните во системот кој реално не функционира.

Најнови вести