недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Млад скопјанец преживува голгота, неговиот татко бара помош од хуманите луѓе (ВИДЕО)

Млад скопјанец преживува голгота, неговиот татко бара помош од хуманите луѓе (ВИДЕО)

Ова е 19-годишниот Незир Чајани од Скопје. Незир пред пет месеци останал неподвижен. Тој со своите пријатели отишол на езерото Матка, но за жал, поради висок скок се здобил со повреда од камењата во водата. Го повредил петтиот пршлен, поради што останал неподвижен. Веднаш бил хоспитализиран во Државната болница.

Поради инфекција на крвта, Феми бил принуден синот да го префрли во приватната болница „Филип Втори“.

Таткото на Незир не е во можност да ги покрие сите трошоци за лекување на синот во приватна болница, па затоа бара помош за да може син му да продолжи со потребниот третман.

Таткото Феми вели дека единствената надеж му е помошта од хуманите луѓе. Апел испраќа и до сите оние кои познаваат некој лекар или болница надвор од земјата каде би можел да се излекува неговиот син.

Сите заинтересирани ќе можат да го контактираат на овој телефонски број.

Телефонски број за донации преку мрежата на Телеком: 070 143-444
Телефонски број за донации преку мрежата на ВИП (А1) 143-482

БРОЈ НА СЕМЕЈСТВОТО:
 + 389/71-434 661

Најнови вести