среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Млада мајка раскажа низ што поминала на Инфективната клиника: Додека Ве слушав на телевизија и јас верував во вашата БАЈКА!

Млада мајка раскажа низ што поминала на Инфективната клиника: Додека Ве слушав на телевизија и јас верував во вашата БАЈКА!
ФОТО:СДК

Млада мајка која била пациент на инфективната клиника заедно со своето дете преку статус на Фејсбук го искажа својот револт до Министерството за здравство и начинот на кои тие се справуваат со коронавирусот.

Ма какво менаџирање, каков способен здравствен систем, БРАВОО! Не знам ни сами дали си верувате во бајката . Кога и човек како мене со челични нерви успеавте да го изреволтирате. Кого лажете за добра комуникација, доктор и пациент? Да лежиш 15 дена на инфективна клиника и еден доктор да не ти каже резултати, ни зошто примаш терапија и зошто те боцкаат? Кога прашуваш за вода да ти кажат дека се потрошила донацијата, а на телевизија кажувате бебе на посебна исхрана. Каква е таа посебна исхрана??? Три дена да ти велат дека ќе земат брис на бебето а не земаат. Гајле ви е дали има чиста облека или парно за доколку испереш нешто да се исуши? Да ти кажуваат спреми се, си одите, а за 15 минути да дојде друг да ти рече, не си одите? Еден со друг не сте усогласени и зборувате за добро менаџирање. Две недели еден доктор ме преслуша и сега наеднаш здраво бебе ќе чека да си оди, бидејќи на вас сега ви текна да и земете крв на мајката, за која некои од докторите не знаеја ни дали е хоспитализирана. Со чии нерви си играте Вие? Вие штом не можете на крај да излезете со стабилните пациенти, Господ нека им е на помош на критичните. Единствено големо браво за педијатарот, целосно посветена и одговорна. Сечие трпение и сечија истрајност има крај.
П.С. Додека Ве слушав на телевизија и јас верував во вашата БАЈКА!

Ма какво менаџирање, каков способен здравствен систем, БРАВОО! Не знам ни сами дали си верувате во бајката . Кога и…

Gepostet von Александра Ангелова am Mittwoch, 22. April 2020

 

Најнови вести