петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Многу пати ме имаат обвинето дека Интерпелациите сум ги држел во фиока, вели Џафери

Многу пати ме имаат обвинето дека Интерпелациите сум ги држел во фиока, вели Џафери

Во Собранието на Македонија денеска треба да се одржи 77. пленарна седница со единствена точка на дневниот ред Интерпелација за работата на претседателот на Парламентот Талат Џафери.

Прв процедурално се обрати Џафери кој го објасни текот на оваа седница.

Тој посочи и дека многупати го имаат обвинето дека Интерпелациите ги држи во фиока.

„Да бидам јасен, тие прашања не се однесуваат на мене туку до постапката затоа и денеска е предлог на дневен ред да биде единствена точка Интерпелацијата“, порача Џафери.

Најнови вести