Во Првиот круг од Претседателските избори, огромно мнозинство на граѓани кои припаѓаат на етничката заедница Египќани, го дадоа својот глас за кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, Проф. Д-р Гордана Силјаноска Давкова.
Тоа, најубаво се виде во Охрид, каде патем Египќаните се втори по бројност.
Искрено, очекувам на 5 мај, таа бројка да се дуплира, очекувам масовна излезност и секако победа на кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, Проф. Д-р Гордана Силјаноска Давкова,која најдобро ги разбира проблемите со кои се соочува етничката заедница на Египканите.Тоа, го знам и од лично искуство, бидејќи ми била професорка и знам каков однос имаше со студентите Албанци, Египќани, Роми, Турци, истакна лидерот на НГИ „КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПКАНИ“ Демир Далип.