петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

МОБ не ги плаќа хонорарците, ама затоа министерот троши 9.000 евра за кафиња и се жали – „не ги потрошив сам“!

-Не можам да верувам ова е професионална институција? Ова е национална институција? Дали е ова нормално во Македонија? Навистина сум разочаран....Ми велат проблем е министерството, пишува тој во својот Фејсбук статус.
МОБ не ги плаќа хонорарците, ама затоа министерот троши 9.000 евра за кафиња и се жали – „не ги потрошив сам“!

Македонската опера и балет ангажира лица од странство, но не ги плаќа. Претходно тие редовно ја земаа договорената сума, но не и сега. Практично за последните три месеци МОБ ги заборави сите хонорарци, меѓу кои и странците.

Еден од нив е Кенто Тарашита, кој е ангажиран во Македонската опера и балет неколку години и се соочува со овој проблем. Средствата кои му се ветени не му се исплатени воопшто за последните три месеци, односно за декември, јануари и февруари.

Дополнително проблемот е во тоа што Тарашита кој е балетски играч се повредил на сценска проба и не може да оди на лекар.

Тој за својот проблем пишува и својот Фејсбук профил.

-Не можам да верувам ова е професионална институција? Ова е национална институција? Дали е ова нормално во Македонија? Навистина сум разочаран….Ми велат проблем е министерството, пишува тој во својот Фејсбук статус.

Дека е проблемот во Министерството за култура, потврдуваат и добро упатени извори во оваа област. Велат министерството е во застој, нема прилив во институциите.

И додека нема средства да се исплатат странците кои се ангажирани во МОБ, а очигледно нема ни пари за институциите во конкретниот случај за Македонската опера и балет, министерот Роберт Алаѓозовски потрошил 9 илјади евра по кафеани.

Но тој и ги демантира официјалните информации за трошоците и се правда дека  “непрецизно е пренесена сметката од бифето на министерството од околу 430.000 денари“.

– Тоа се трошоци од вода и кафе, за сите што не се вработени, а дошле како гости, како членови на комисии, тела, работни групи, амбасадори, синдикати, граѓани, уметници, реагира Алаѓозовски.

Но, кој да потпише за тоа ако не министерот?

Најнови вести