За вчерашната мото-турнеја низ Македонија на премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче во ек на пандемијата со коронавирусот, се огласи и новинарот Горан Момироски на Фејсбук.
-Не можев да поверувам и отидов лично да се уверам. По 22 часот со уредна дозвола за движење во полициски час лично се уверив дека премиерот Заев ноќва е во прекрасен хотел во Јанче.
Не ги објавувам снимките затоа што се од неговата соба во хотелот и затоа што имам достоинство.
А како може да вози мотори и да оди по хотели додека народот му умира и се мачи да добие за легло во ковид центрите тоа нека си го одговори пред Бога ако утре појде во Св. Јован Бигорски да запали свеќа за здравје.
Посебна приказна е колку е лежерен да седи без завеси во собата додека низ светов шетаат 215 криминалци што неговата влада наводно ги пријавила во Интерпол а ДЕА му апси шефови на полиција и возачи на негови најблиски роднини и бизнис партнери.
Жалам ако им го расипав прекрасниот викенд на премиерот и неговиот министер за здравство кои вечерва додека стотици луѓе се борат за воздух пијат убаво вино покрај Радика.
Не е само Радика таа што нема да им заборави…, напиша Момироски вчера на Фејсбук.