Во емисијата „Само Вистина„ на Канал 5 телевизија новинарот Горан Момироски изјави дека според него нема дилема кој ќе победи на следните парламентарни избори.
– За мене нема дилема, победникот е јасен можеби има мала дилема дали ВМРО-ДПМНЕ ќе може да направи влада со оглед на искуствата од претходно кога на Претседателските избори во последен момент сите албански политички партии отидоа заедно и победи Пендаровски. Меѓутоа она што го гледам во анкетите и трендовите мислам дека е јасно дека ВМРО-ДПМНЕ сигурно победува на наредните предвремени парламентарни избори, нагласи Момироски.
Според него доколку ВМРО-ДПМНЕ според очекувањата освои 55 пратеници тоа би значело дека СДСМ ќе освои некаде околку 40тина пратеници што според Момироски е огромна разлика и огромен капацитет за било каква соработка со албанските партии.
-Да не заборавиме пред некој десеттина дена господинот Села беше кај мене во студио гостин и тој практично најави дека е подготвен да влезе со секоја политичка партија која што ќе ја прифати програмата која што е полна со економски и социјални моменти, граѓаните го разбираат тоа што го зборувам, значи Села нема никаков проблем да влезе во коалиција и со ВМРО-ДПМНЕ, со што е јасно дека тој капацитет за коалицирање е голем. Меѓутоа јас не би се сведувал само на број на пратеници туку повеќе би го следел трендот, додаде Момироски.
Момироски во текот на дебатата посочи дека тој би сакал кај ВМРО-ДПМНЕ да види комплетни решенија, нешто кое што според него ВМРО-ДПМНЕ и претходно го имало и имале добри резултати, ветувања и спроведувања на голем дел од проектите. -Јас реков на почетокот дека за мене нема дилима кој ќе победи на овие избори но прашањето е сега како ние ќе ја направиме таа транзиција од оваа власт на другата. Прашањето е како ќе се исправи овој пат по кој што одат сите политички партии во смисла на национално помирување што за мене е многу битен момент,- појасни Момироски.