На прашање на новинарот Зоран Иванов до неговиот колега Момировски зошто министерката Мизрахи не го почитува Преспанскиот договор, а е на висока државна функција Момировски му одговори:
-Гледам дека не сте многу по социјалните мрежи колега Иванов. И не следите што се случува последниве денови. Одеднаш луѓе влијателни и луѓе од влада запреа да го користат името Северна Македонија на кое инсистираа, и во пресрет на изборите почнаа да користат само Македонија. Тогаш кажете ми каква порака праќаат тие министри и незнам кои луѓе од СДСМ и владата, праша Момировски.