петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Момировски: Одлуката на Спасовски за разрешување на Мизрахи е политичко самоубиство

Момировски: Одлуката на Спасовски за разрешување на Мизрахи е политичко самоубиство

Според новинарот Горан Момировски, доколку Парламентот одлучи да ја разреши министерката за социјала и труд во техничката влада на Република Македонија

– Рашела Мизрахи, или тоа место ќе остане празно, затоа што според Пржинскиот договор тоа место и припаѓа на опозицијата или ВМРО-ДПМНЕ ќе приложи нов кандидат. Но, можеби ВМРО-ДПМНЕ ова ќе го искористи и во други ПР цели што е прашање на партијата, истакна вечерва новинарот Горан Момировски на 24 телевизија.

Според Момировски, ова барање на Оливер Спасовски да ја разреши Мизрахи поради тоа што стоела пред табла на Р. Македонија, која пак што таму стои од времето на Мила Царовска, е политичко самоубиство.

-Кога анкетите покажуваат дека граѓаните се за ЕУ и НАТО, но се против промената на името, вие да осудувате некого и да го менувате во техничката влада затоа што се залага за република Македонија, ми се чини според мене, е навистина политичко самоубиство. Не знам кој му го сугерирал тоа, дали министерот за надворешни работи под притисок на Грција или е некоја друга тема во прашање, е тотално погрешно. Особено кога имаме парламент кој се занимава со едно друго прашање и не знам како технички би се извело. Да се прекине тема за едно прашање многу битно, а да се почне тема за разрешување на Мизрахи. Тоа за мене е еден вид на авантуризам од непознати причини, дециден е новинарот Момировски.

Најнови вести