недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Момировски: Се менуваа хард дисковите во серверот на СДСМ, постојат сериозни индикации дека складира лични податоци на граѓани

Момировски: Се менуваа хард дисковите во серверот на СДСМ, постојат сериозни индикации дека складира лични податоци на граѓани

Вчеравечер бевме сведоци на пренос во живо на социјалната мрежа на твитер како се менуваат хард дисковите во серверот на СДСМ за кои што постојат сериозни индикации дека складира лични податоци на граѓани, кои што се преземени со апликацијата „Избори 2019 година“, подготвена од Социјалдемократскиот сојуз, обвинува Шефот на изборниот штаб на Гордана Силјановска Давкова, Горан Момировски.

-Вчера како што знаете разговаравме во ДИК за оваа проблематика, а денеска овде во јавното обвинителство разговарав со претставници на Комисијата која што врши мониторинг на евентуални изборни нерегуларности. Оттаму беше кажано дека случајот веќе е доставен до Скопското јавно обвинителство, каде што е назначен јавен обвинител кој што треба да го истражува овој случај. Навистина неверојатно е дека три дена откако јавноста па и Обвинителството, и МВР по допрен глас разбраа за опасноста на една политичка партија преку апликација на андроид апликација на сервисот „Google play“ да прибира и да складира информации на партиски сервер, институциите зборувам и за МВР и за Јавното обвинителство да не го одземат серверот со цел да се спречи понатамошна дистрибуција на податоците и се разбира да се утврди одговорност на лицето кое спротивно на законот прибирал и складирал информации, истакна тој.

Тој потсетува: Не е направена ниту форензична истрага за упадот за хакерскиот упад во Државната изборна комисија кој се случува во истиот период кога СДСМ ја покренува апликацијата „Избори 2019 година“ и тоа пред 15-тина дена.

-Според нашите информации се уште МВР не утврдило како се случил тој напад, дали има поврзаност со апликацијата на СДСМ. Уште една работа да потсетам лицето кое што во 2016-та година било претставник на Социјалдемократскиот сојуз во комисијата во ДИК која што ги прочистувала изборните списоци и имала пристап до целата евиденција и матичните броеви на граѓаните е автор на апликацијата при која што СДСМ собирала и прибирала информации од граѓаните и ги пренесувала на серверот на СДСМ. Очекувам дека македонските институции и обвинителството, и МВР ќе преземат најитни чекори и мерки за да оваа ситуација се разјасни затоа што повторно да речам неверојатно е три дена откако аферата „Големото око“ излезе во јавноста, а институциите да молчат, а луѓето одговорни за овој криминал во СДСМ да ги менуваат серверите и притоа целата македонска јавност да биде сведок на менувањето на серверите кои што најверојатно веќе се уништени и во нив нема да може да се утврди што се содржело. Доколку се реагираше побрзо и се утврдеше фактичката состојба сите ние ќе бевме да речам помирни во однос на изборните нерегуларности но и за други евентуални криминални активности за жал овој пат од страна на една политичка партија на власт, посочи Момировски.

Најнови вести