петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

МРТ: Ставовите на Манчевски може да се толкуваат само како обид за притисок врз професионалното работење

МРТ: Ставовите на Манчевски може да се толкуваат само како обид за притисок врз професионалното работење

Уредничкиот колегиум на Македонската Радио-телевизија ги осудува квалификациите и ги отфрла обвинувањата на министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски изнесени на една од социјалните мрежи дека МРТВ е срам, дно и целосно под политичка контрола на ВМРО-ДПМНЕ и дека Македонија нема јавен сервис на граѓаните.

„Македонската Радио-телевизија обезбедува вистинито и непристрасно информирање и ниту застапува ниту заштитува ставови и интереси на политички партии, а најмалку од се создава програма под нивно влијание. Граѓаните имаат јавен сервис на којшто може да му веруваат, а ставовите на министерот Манчевски може да се толкуваат само како обид за притисок врз професионалното работење на Македонската Радио- телевизија“, се вели во реакцијата на уредничкиот колегиум на Македонската Радио- телевизија.

Најнови вести