вторник, 2. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

МТСП демантира: Не сме набавили ниту ни е во план да набавиме генератор

МТСП демантира: Не сме набавили ниту ни е во план да набавиме генератор

Министерството за труд и социјална политика ја демантира веста објавена денеска од страна на порталот „Курир“ со наслов „Шахпаска се обезбеди со генератор на струја, за граѓаните свеќи“.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика ја информира јавноста дека ниту е набавен генератор, ниту пак ваква набавка е во планот за јавни набавки на Министерството.

Веста на порталот “Курир” е целосно невистинита и претставува тенденциозна конструкција.

Од тие причини бараме од „Курир“ и останатите портали „Лидер“ и „Денешен“ кои ја пренесоа веста, да го објават овој демант.​

Најнови вести