недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

МТСП појаснува: Работодавачите од јавниот и приватниот сектор се должни да ги ослободат од работа бремените жени и лицата над 60 години

МТСП појаснува: Работодавачите од јавниот и приватниот сектор се должни да ги ослободат од работа бремените жени и лицата над 60 години

Работодавачите од јавниот и приватниот сектор ДОЛЖНИ СЕ да ги ослободат од работа бремените жени и лицата над 60 години возраст. Препораките за приватниот сектор се однесуваат само на начинот на организација на работното време со цел заштита од директна сончева изложеност на работниците и избегнување престој на отворено во период од 11 до 17 часот, од МТСП ги појаснуваат мерките поврзани со работењето за време на топлотниот бран.

Правните субјекти кој вршат градежна дејност и чии активности се вршат на отворено ДОЛЖНИ СЕ да ги запрат активностите во период од 11 до 17 часот.

Со оглед на фактот дека одредени активности на правните субјекти може да претставуваат ризик по здравјето на изложените работници, Државниот инспекторат за труд покрај препораките, при инспекциските надзори постапува и во согласност со одредбите од Законот за безбедност и здравје при работа.

Така согласно член 49 став 2 од Законот за безбедност и здравје при работа ако инспекторот на труд врз основа на надзор кај работодавачот утврди дека постои непосредна опасност по безбедноста и здравјето при работа на вработените, со решение ќе ја забрани работата во целост.

Со оглед на тоа што во услови на топлотен бран, високите температури односно високиот УВ индекс се максимум изразени, истите сами по себе претставуваат непосредна опасност по безбедноста и здравјето на работниците за што инспекторите на труд имаат правен основ за изрекување на напред наведената инспекциска мерка.

Најнови вести