недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец февруари 2023 година.

Како што информираат од МТСП, корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 6 март 2023 година.

Со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во две групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа на 06.03.2023 – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ и на 07.03.2023 – М, Н, Њ, О; П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

Најнови вести