четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Муцунски: Бројките укажуваат дека ние имавме Влада која што ниту имаше капацитет, на голема жал, ниту подготвеност, да се справи со оваа криза

Муцунски: Бројките укажуваат дека ние имавме Влада која што ниту имаше капацитет, на голема жал, ниту подготвеност, да се справи со оваа криза

Тимчо Муцунски, кандидат за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашната Дебата на Македонската радио телевизија посветена на парламентарните избори 2020 година истакна дека оваа Влада немаше слух за предложите и реагирањата на опозицијата во однос на справувањето на економската и здравствената криза која што е предизвикана од пандемијата на корона вирусот.

Тој истакна дека далеку сме од тоа да тврдиме дека Македонија добро се справила со здравствената криза кога имаме најголем број на заболени и починати од семјите во регионот.

-Факт е дека секојдневно имаме троцифрени бројки на заболени, секојдневно имаме по седум-осум починати наши граѓани. Што значи дека не сме се справиле добро од гледна точка на здравствената политика која што беше креирана. Бројките се неприкосновени и граѓаните можат сами да видат дека во однос на бројките од регионот на земји кои што имаат приближно слично или поголемо население од нас имаат многу помали бројки и на заболени и на починати. Така да адалеку од тоа е дека ние добро сме се справиле со здравствениот дел од кризата, потенцираше Муцунски.

Во однос на економскиот дек од кризата, Муцински појасни дека ВМРО-ДПМНЕ беше првиот сувјект кој што алармираше на можните последици, што на крај и се потврдија, но за кои за жал Владата повторно немаше слух за тоа. Таа смируваше дека нема простор за паника, дека буџетот е во одлична кондиција за после кратко време од кризата да видиме дека македонскиот буџет воопшто не е ликвиден.

Муцунски се осврна и на економските мерки кои што ги превземаше Владата за сравување со економската криза за кои што потенцираше дека беа задоцнети и дека не ги задуволуваа основните потреби на засегнатите сектори.

-Од мерките кои што власта ги превземаше за стравување со економската криза нуту еден од засегнатите сектори не беше задоволен. Факт е дека во периодот на оваа криза во Македонија имаме 15.000 граѓани кои што ги изгубиле своите работни места. Факт е дека за месец април 30.000 наши сограѓани не примиле плата и се очекува тој број да биде уште повисок за месец мај. Што значи дека таа тенденција има процес на пораст, рече Муцунски.

Фактите и бројките се нотарни, додаде тој, и тие на нас ни укажуваат дека ние имавме Влада која што ниту имаше капацитет, на голема жал, ниту подготвеност, да се справи со оваа криза.

Муцински истакна дека е време на нашите граѓани да им обезбедиме поголема економска предвидливост а тоа ќе го направиме со помош на нивната изборна програма.

Најнови вести