четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Муцунски и Пренџов се сретнаа со Лидерот на Конзервативната народна партија на Данска

Муцунски и Пренџов се сретнаа со Лидерот на Конзервативната народна партија на Данска

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Тимчо Муцунски и Љупчо Пренџов денеска остварија средба со г-дин Сорен Папе Полсен – Лидер на Конзервативната народна партија на Данска.

На средбата пратениците се заблагодарија за поддршката која Данска ја дава на Република Македонија на нејзиниот пат кон полноправно членство во Европската унија.

Муцунски и Пренџов нагласија дека е потребно што побрзо да почнат пристапните преговори кои мора да бидат основани единствено на европски вредности.

Соговорниците се согласија дека добрата соработката помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Конзервативната народна партија на Данска треба и понатаму да продолжи како билатерално така и во рамките на семејството на Европската народна партија.

Најнови вести