среда, 7. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Муцунски: Македонија заслужува подобро, сите ние сакаме побрзо да го оствариме нашиот сон и да се приклучиме во семејстовто на европски демократии со стабилен правен систем

Муцунски: Македонија заслужува подобро, сите ние сакаме побрзо да го оствариме нашиот сон и да се приклучиме во семејстовто на европски демократии со стабилен правен систем

Кандидатот за пратеник од ИЕ 1 на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски вети дека Македонија ќе го оствари својот сон и ќе се приклучи на семејството со стабилен правен систем и без криминал!

Тој на својот фејсбук профил објави:

„Во изминатиот период од 3 години се соочивме со власт која ги наруши сите меѓународни и домашни правни норми и принципи.
Владеењето на праваото беше мисловна именка. Уставноста и законитоста целосно нарушени. Правосудниот систем нефункционален, а нашата држава беше прогласена за хибриден режим.

Македонија заслужува подобро, а сите ние сакаме побрзо да го оствариме нашиот сон и да се приклучиме во сомејстовто на европски демократии со стабилен правен систем.

Сите ние заслужуваме да живееме во мирна, безбедна и демократски праведна држава, која нуди еднаквост, можности за успех и непречен општествен развој“, напиша Тимчо Муцунски.

Најнови вести