вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Муцунски: Ако сакаме европска Македонија треба да зборуваме за подобар стандард, државата ќе ја европеизираме ако бидеме цврсти и достојни на се што е значајно за народот

Муцунски: Ако сакаме европска Македонија треба да зборуваме за подобар стандард, државата ќе ја европеизираме ако бидеме цврсти и достојни на се што е значајно за народот

Заради попусливата надворешна политика на оваа власт се доведовме до ситуација да се под знак прашалник нашите евроинтеграции и ја ставаат Македонија во подредена состојба. Ние нудиме решенија со конкретни очекувања, заштита на националните интереси, гаранција за Македонија и Македонците, социоекономски пакет, очекуваме директна помош од европските институции и гаранции дека ќе се спроведуваат пресудите на Европскиот суд за човекови права кога се во прашање Македонците кои живеат во Бугарија и луѓе за кои актуелната власт нема намера да направи ниту мал чекор да им помогне, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски на денешната трибина во Кочани насловена „И Европа и Македонија, интеграција и идентитет“ во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“

Муцунски потенцираше дека ако сакаме да имаме европска Македонија треба да зборуваме за подобар стандард.

– Да зборуваме за ниски даноци, да зборуваме за влада чии претставници ќе ги видите надвор нема да личи на политички туризам, туку влада која ќе ја видите во ходниците на најголемите странски корпорации во други држави да привлекува инвестиции кои ќе отвораат квалитетни работни места во Македонија. Влада која ќе се грижи земјоделската субвенција да биде редовна и да биде гарантирана, посебно во делови во државата каде што е Кочани, источниот дел на државата каде нередовната исплата на субвенции не доведе до ситуација каде земјоделското производство да ни биде под знак прашање, рече тој.

Муцунски истакна дека ни треба европска влада која ќе создаде европско здравство, а не она кое го ветуваа лажното кога на сила го менуваа уставното име на државата и влада која ќе ги помага општините, но ќе стои на државните црвени линии.

– Ни треба влада која ќе инвестира во нова инфраструктура, во нови болници, влада која ќе инвестира во тоа медицинскиот персонал да ни остане во Македонија. Европска влада која ќе и помага на локалната самоуправа, ќе обезбедува проекти за градоначалници кои даваат се од себе. Европска влада која секогаш ќе стои на ставот дека сме Македонци кои зборуваат македонски јазик и тоа се црвените линии на ВМРО-ДПМНЕ, нагласи Муцунски.

Муцунски потенцира дека Македонија ќе ја европеизираме ако бидеме цврсти, достојни, ако стоиме на се што е значајно за секој еден од нас, за нашите семејства и иднината на Република Македонија.

– Значајно е да се има стабилна земја, да ја промовираме културната посебност која ја имаме во Македонија. Да инвестираме во нашите уметници, глумци, музичари да бидат достапни во светот, така може да ја промовираме државата. Исто така да имаме компактна дипломатска мрежа која нема да биде само трошок на државата, а не постигнува резултати, туку од нив да очекуваме конкретни резултати. Мораме да вложиме во културна, економска, академска дипломатија, секаде да ја шириме приказната што значи да си од Македонија и што може Македонија да понуди, рече Муцунски.

Најнови вести